27.05.2023

Водно Санс делуваше доминантно против организаторот на турнирот, екипата на Феникс баскет (81:59) за пехарот, против Вардар

ФИНАЛЕН ТУРНИР-М18-MAЖИ: Водно Санс ќе се бори за шампионската титула

Екипите на Вардар и на Водно Санс ќе играат во последниот натпревар во М18 лигата-мажи за оваа натпреварувачка сезона. Оној во кој утре вечер (20.часот), ќе се борат за титулата државен првак во јуниорска конкуренција за сезоната 2022/2023.

ВОДНО САНС – ФЕНИКС БАСКЕТ         81:59

Екипата на Водно Санс беше подобар протигник од Феникс баскет во првото полувреме. По почетното водство од (19:16) на истекот на првата четвртина, момците во „црно-бела“ комбинација на опремата, со доста агресивна игра во одбраната го натераа противникот да греши почесто. На другата страна од теренот, реализираа со висок процент на успех. Па не чуди што во 16 минута од полуфиналето се стекнаа и со двоцифрено водство (35:25). Во голема мерка поради ефикасноста во играта на Јаничиќ и Трајанов, кои веќе имаа по десет реализации во таа, рана фаза од натпреварот.  

Минути во кои Феникс баскет имаше слаба реализација, особено во путот за три поени (1/11) и половична во обидите вредни по два поени. Но и седум загубени топки, што исто така беа фактор за негативното резултатско салдо.

Екипата-домаќин на овој турнир „закочи“ на бројката од 25 поени, до крајот на полувремето Водно Санс се стекна со уште повисока (42:28).

Уште подобро го отворија второто полувреме, за нешто повеќе од две минути од играта, Водно Санс имаше и плус 20 (52:32).

Таква беше предноста за нив и на крајот на третиот периот (62:42), како најава дека Водно Санс ќе биде вториот учесник во големото финале.

До крајот на ова второ полуфинале, Јаничиќ прерасна во прв стрелец во победничката екипа, откако реализираше 22.поени. Андоновски застана на 14, исто колку што имаше и  Трајанов (но и одлични 11 скока). Ќириловски се вклучи во второто полувреме, и на крјаот имаше 12.поени. 

Во екипата на Феникс баскет, Димевски броеше до 19, а Стојковиќ до 13.поени (и 11 скока), но тоа беше недоволно за премин во финалето.

Во него, утре вечер од 20.часот, исто така во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, ќе играат екипите на Вардар и Водно Санс. Нешто порано, од 17.30 часот, на програмата е натпреварот за третото место во кој ќе се сретнат Работнички и Феникс баскет.

М18 ЛИГА-MAЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Работнички – Вардар      73:78

Водно Санс – Феникс баскет    81:59

21.МАЈ (НЕДЕЛА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

17.30: Работнички – Феникс баскет

ФИНАЛЕ

20.00: Вардар – Водно Санс

*Сите натпревари се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје