27.04.2021

Кој ќе биде прогласен за шампион?!

Финалниот турнир од 3х3 зимската лига закажан за 9. мај

По четири квалификациски турнир одиграни во периодот декември - април, време е зимската 3х3 лига да го добие својот прв шампион.

Дванаесет екипи обезбедија пласман на финалниот турнир, кој ќе се одржи на 9. мај (недела) во СРЦ „Кале“ во Скопје каде се одиграа и квалификациските турнири.

Дванаесетте екипи кои обезбедија пласман се: Dust Caffe, Terminatori 3x3, Badu 3x3, Proekt 3x3, Brotherhood Alpha, BadBoys, 3x3 Vodno Sans, 3x3 Bitola, GODSENT GS, Zmajevi, 3x3 Aerodrom и 3x3 Lyncestis.

Табела зимска 3х3 лига

Резултати турнир 1

Резултати турнир 2

Резултати турнир 3

Резултати турнир 4

 

Сите турнири ќе бидат одиграни согласно општите протоколи за заштита и превенција од ширење на COVID-19. Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата, кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот.

  • Мерење на температура на сите лица кои влегуваат во сала (играчи, официјални лица, лица од организација).
  • Задолжителна дезинфекција при влез во сала, пред влегување на терен и по излегување од терен. Сета опрема за игра се дезинфицира по секој одигран натпревар;
  • Носење на заштитна опрема (маска, шал, марама) е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите присутни во салата, освен за играчите и судиите додека се на терен;
  • Сите турнири се одигруваат без присуство на публика;
  • Забранета е употребата на соблекувалните за цело време пред, во тек и по натпреварот. Секоја екипа ќе има посебно означено место на трибините каде ќе може да ги остави своите лични предмети додека игра на терените;
  • Секој учесник во натпреварувањето, пред почеток на натпреварувањето е должен да потпише изјава со која ги прифаќа мерките одредени со општите владини протоколи;