07.06.2022

Кој ќе биде зимскиот 3х3 шампион?

Финалниот турнир од 3х3 зимската лига закажан за 12. јуни

Втората сезона на зимската 3х3 лига дојде до крајот. Беа одиграни четири квалификациски турнири кои водат до вториот зимски 3х3 шампион на Македонија. Пред прогласувањето на шампионската екипа, останува спектаклот наречен финален турнир.

В недела, (12. јуни 2022 година), точно напладне во СРЦ Кале (голема сала) Кошаркарската Федерација во соработка со здружението 3x3 Macedonia ќе организира уште еден турнир, последен за оваа 2021/2022 зимска сезона. На финалниот турнир, учество ќе земат осумте најдобри екипи од изминатите четири квалификациски турнири одиграни во рамки на оваа зимска турнеја и тоа: Кино Влае, Црно Црвено, Каса Бар, Solution x3, Баду 3х3, Gezz, Brotherhood и 3x3 Битола.

Најдобрите баскетџии ќе се борат за престижниот трофеј и за награда во висина од 2000 евра како и слот за challenger турнир. Второпласираната екипа ќе заработи половина од тој износ, а екипата која ќе го освои третото место ќе добие 500 евра.

Резултати од квалификациски турнири