Селекцијата на Естонија, еден од нашите противници во квалификациската група за пласман на ЕП 2021, продолжи со одигрувањето на контролни мечеви во овој летен период. Дури и за време на корона кризата, и тоа како присутна и во кошаркарскиот спорт во светот.
А по двете победи на „Балтик Купот“ во Талин, Естонците го запишаа и првиот пораз. На гостувањето во Финска запишаа убедлива загуба од (76:97).
И во доста изменет состав, финската селекција предводена од селекторот Хентик Детман, покажа како треба да се игра против брзата естонска селекција.
Многу дилеми на дуелот во Тапиола беа решени уште во првиот период во кој домаќините остварија предност од (33:16).
Со 14. реализации, Јуркатам беше најефикасниот естонски кошаркар на ова гостување. Кирвес додаде 12, а Нургер едeн поен помалку.
Двете селекции ќе одиграат уште еден контролeн меч, овојпат во местото Кисакалио.