06.07.2018

Финишира кампот за кошаркарки во Постојна, Словенија

Веќе 12 години кошаркарската федерација на Словенија поддржана од ФИБА организира меѓународен камп за кошаркари до 15 години, тренери и судии, а Македонија досега нема пропуштено ниту еден.

Пред една седмица, започна дванаесеттото издание на овој камп, а Македонската кошаркарска федерација испрати две кошаркарки, тренер и судија.

Кошаркарките Ана Цветковска од Бадел 1862 заедно со Габриела Модева од Струга 2009, кои воедно се дел од репрезентацијата до 16 години, ја претставуваат Македонија на овој камп заедно со тренерот Ера Пајазити и судијата Пантелија Стоева.