На нешто помалку од месец дена, ФИБА ги потврди четирите натпреварувачки двојки со кои ќе стартува завршниот турнир од Лигата на Шампионите во Атина.
Шест екипи се познати од порано, АЕК (Грција), Сарагоса (Шпанија), Нимбурк (Чешка), Хапоел Ерусалим (Израел), Сан Пабло Бургос (Шпанија) и Турк Телеком (Турција) .
Во двете осминафинални пресметки, кои ќе бидат реализирани на 16.септември, ќе се сретнат екипите на Дижон (Франција) и Нижњи Новгород (Русија), односно Тенерифе (Шпанија) и Остенде (Белгија).
Победниците од овие два натпревари ќе патуваат за главниот град на Грција каде од 30. септември до 4.октомври ќе се одлучува кој ќе биде новиот победник во ФИБА Лигата на Шампионите.
Преку онлајн ждрепка во Мие, беа формирани и четвртфиналните двојки, но и одреден „патот до пехарот“.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
30. СЕПТЕМВРИ
Турк Телеком – победник Дижон/Нижњи Новгород
Хапоел Ерусалим – Сан Пабло Бургос
1.ОКТОМВРИ
Нимбурк – АЕК
Сарагоса – Тенерифе/Остенде
ПОЛУФИНАЛЕ
2.ОКТОМВРИ
Турк Телеком-Дижон/Нижњи Новгород – Хапоел Ерусалим/Сан Пабло Бургос (двојка 1)
Нимбурк/АЕК - Сарагоса – Тенерифе/Остенде (двојка 2)
ФИНАЛЕН ДЕН
4.ОКТОМВРИ
ЗА ТРЕТО МЕСТО
Поразен двојка 1 – Поразен двојка 2
ФИНАЛЕ
Победник двојка 1 – Победник двојка 2
Од ФИБА доаѓа и информацијата дека точните сатници за одигрување на натпреварите на „Фајнал-Ејт“ турнирот ќе бидат одредени подоцна, но и тоа за евентуално присуство на фанови во „Никос Галис“ Арената во Атина ќе одлучуваат локалните здравствени авторитети во Грција, секако во договор со водечките луѓе на Светската кошаркарска федерација, односно оној дел кој раководи со ФИБА Лигата на Шампионите.