Две натпреварувачки групи за следната фаза се определени по завршувањето на 10.кола од регуларниот дел на Еврокупот.
А по одигрувањето на неколку одложени натпревари, ќе биде формиран комплетниот натпреварувачки „костур“ на ТОП 16 во ова, второ по квалитет, европско натпреварување.
Работите ќе станат дефинитивни по одигрувањето на средбата Хувентуд-Бург, која е закажана за 30.декември.
Во случај на победа на екипата од Бадалона, дури и пораз не поголем од седум поени, Димитријевиќ и соиграчите ќе завршат како првопласирани во групата „А“, а тоа за противници во следниот круг им ги носи екипите на Уникаха, Нантер, и Монако (победа повеќе во однос на Андора), како дел од новоформираната „Е“ група.
Во другиот случај, односно пораз изразен со повеќе од седум поени, Хувентуд ќе продолжи во групата „Х“ каде веќе се екипите на Гран Канарија и на Морнар, и четвртопласираната во групата „Ц“, Монако, или многу поверојатно Андора
Тоа би значело и евентуални пресметки помеѓу двајцата македонски репрезентативци, Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли, кој се очекува да се врати во тимот од Канарските Острови во првите денови од 2021 година.
Натпреварите во втората, групна фаза ќе се играат според „раунд-робин“ системот. Секоја од 16. квалификувани екипи ќе одигра уште по шест натпревари.
Средбите од ТОП 16 фазата во ова натпреварување ќе бидат реализирани во периодот од 13.јануари до 10. март, 2021 година.
ГРУПА Е: Хувентуд/Бург, Уникаха, Нантер, Монако/Андора
ГРУПА Ф: Булоњ Метрополитен 92, Локомотив Кубан, Тренто, Партизан
ГРУПА Г: Виртус Болоња, Цедевита Олимпија, Уникс, Будуќност
ГРУПА Х: Гран Канарија, Морнар, Хувентуд/Бург, Андора/Монако