Иако пандемијата која ја предизвика коронавирусот е сè уште приутна на Стариот континент, тоа не попречи менаџментот на ФИБА Европа да ја реализира ждрепката за натпреварувачките групи во Лигата на Шампионите-жени за сезоната 2020/2021.
На церемонијата одржана во Минхен, беа формирани двете натпреварувачки групи, а станаа јасни и двете елиминациски двојки.
Резултатот на ждрепката во Минхен е:
ГРУПА А: Динамо Курс (Русија), УСК Прага (Чешка), Фенербахче (Турција), Надежда (Русија Перфумериас Авенида (Шпанија), Асвел Феминин (Франција), Арка Гдиња (Полска), победник: Мишколц-Измит
ГРУПА Б: Ектаринбург (Русија), Шопрон Баскет (Унгарија), Бург Баскет (Франција), ТТТ Рига (Летонија), Галатасарај (Турција), Баскет Ланд (Франција), победник: Џирона-Сепси
За да се финализираат сите 16 учесници во Евролигата, претходно ќе се одиграат и две квалификациски серии
Алуинвент Мишколц (Унгарија)-Измит Беледесиспор (Турција)
Спар Ситилифт Џирона (Шпанија) – Сепси (Романија)
Победниците од овие дуели ќе обезбедат место во регуларниот дел од Евролигата, која доби и ново лого.
Одлуката околу стартот на натпреварите во оваа, како и во другите натпреварувања, ФИБА Европа ќе ја донесе на седницата на Бордот закажана за 1. септември.