31.12.2020

Американските Македонци Џејкоб Вајли и Џордан Теодор ќе разигруваат меѓусебно во групата „Х“ заедно со Морнар и Андора.

Формирани групите за ТОП 16 фазата во Еврокупот

Со одигрувањето на натпреварот Хувентуд-Бург, заврши онаа прва фаза од Еврокупот. Од порано беа познати учесниците во втората, ТОП 16 фаза, но со триумфот на екипата на Ненад Димитријевиќ, се распределија местата во сите четири нови групи.

Согласно со системот за натпреварување, екипата од Бадалона како првопласирана од групата „А“, за место во четвртфиналето ќе се бори во новоформираната група „Е“ во која се уште еден шпански претставник, Уникаха од Малага, и два од Франција, екипите на Монако и на Нантер.

Осен Димитријевиќ, во оваа фаза ќе разигруваат и новопечениот Македонец, Џејкоб Вајли, кој е дел од екипата на Гран Канарија, но и поранешниот македонски репрезентативец Џордан Теодор, кој во текот на сезонава се врати во екипата на Уникс.

Американските Македонци ќе разигруваат меѓусебно во групата „Х“ во која се уште екипите на Морнар и на Андора.

Натпреварите во ТОП 16 фазата стартуваат на 12. јануари, а последното шесто коло, ќе се игра на 10.март. Првопласираните две екипи од секоја група обезбдуваат пласман во четвртфиналето кое ќе се игра според елиминациски систем.

ЕВРОКУП – ТОП 16 ФАЗА  

ГРУПА Е: Хувентуд, Уникаха, Нантер, Монако

ГРУПА Ф: Булоњ Метрополитен 92, Локомотив Кубан, Тренто, Партизан

ГРУПА Г: Виртус Болоња, Цедевита Олимпија, Бург, Будуќност

ГРУПА Х: Гран Канарија, Морнар Уникс, Андора