13.09.2023

Првото коло носи дуел на новиот второлигаш Маџари и локалниот скопски ривал, екипата на Водно Санс

Формирани натпреварувачките двојки за почеток на натпреварите во Втората лига-мажи

Новата првенствена сезона во Втората лига-мажи може да почне...

Денеска, на состанокот на претставниците на сите 12. клубови-учесници во натпреварувањето во Втората лига-мажи и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Втората лига-мажи за сезоната 2023/2024.

Клубовите ги добија следните натпреварувачки броеви:

1.Мега Баскет

2.Водно Санс

3.МКК Куманово

4.МЗТ Скопје Уни банка

5.Работнички

6.Борец Баскет

7.Куманово 2009

8.Маџари

9.Тетекс ТТК

10.Соколи 1933

11.Ангели

12.Шкупи

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 12.екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло:

ДВОЈКИ 1. КОЛО

Мега Баскет – Куманово 2009

Водно Санс – Маџари

МКК Куманово – Тетекс ТТК

МЗТ Скопје Уни Банка – Соколи 1933

Работнички 2018 – Борец Баскет

Ангели – Шкупи