„Куќата на кошарката-Патрик Бауман“ во Мие денеска уште еднаш беше во центарот на вниманието на кошаркарската јавност во Есропа.
На посебна „затворена“ церемонија, како превентива, односно заштита од пандемијата на Ковид-19, беа формирани четирите натпреварувачки групи за т.н. „плеј-оф“ фаза од ФИБА Лигата на Шампионите.
Таа посака екипата на Игокеа, единствената од овие простори, односно учесник во АБА лигата, да добие една навистина тешка група во која освен актуелниот бранител на трофејот, екипата на Сан Пабло Бургос, е уште и една екипа од Шпанија, Тенерифе, како и екипата на ВЕФ Рига од Летонија.
Првото коло од новата фаза ќе се игра на 2 и 3. март, а ќе биде завршена на 6. односно 7. април. Сите екипи ќе одиграат по шест натпревари. според „раунд-робин“ системот (дома-гости).
Првопласираните две екипи од четирите групи, ќе се пласираат на „Фајнал-Ејт“ турнирот кој ќе се игра во првата недела на мај, во место кое дополнително ќе биде одредено. Односно откако ќе бидат познати сите осум-екипи учесници.
На посебна ждрепка ќе бидат одредени четвртфиналните двојки, односно целиот „костур“ на финалниот турнир.
ГРУПИ ВО ПЛЕЈ-ОФ ФАЗАТА НА ФИБА ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ 2020/2021
ГРУПА И: Бриндизи, Пинар Каршијака, Тофаш, Хапоел Холон
ГРУПА Ј: ВЕФ Рига, Игокеа, Сан Пабло Бургос, Тенерифе
ГРУПА К: АЕК, Нижни Новгород, Турк Телеком, Стразбур
ГРУПА Л: Нимбурк, Динамо Сасари, Сарагоса, Бросе Бамберг