03.12.2024

Во две натпреварувачки рунди ќе ги добиеме учесниците на завршниот турнир во најмасовното клупско натпреварување

Формирани се осминафиналните двојки во Купот на Македонија во женска конкуренција

По одигрувањето на седмото првенствено коло, овој и наредниот викенд следуваат и Куп-возбудувањата во женската сениорска конкуренција.

Односно ќе се играат квалификациите за пласман на финалниот турнир од Купот на Македонија, кој според календарот за натпреварување, ќе се игра во февруари, 2025 година.

Согласно пласманот во првиот дел од натпреваривачката сезона 2024/2025, формирани се и осминафиналните двојки од разигрувањето за трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Ќе се игра според системот (1-16, 2-15, 3-14, 4-13, 5-12, 6-11, 7-10, 8-9).

На 7, односно на 8. декември, ќе се игра еден осминафинален натпревар, и тоа на теренот на послабопласираната екипа. А осумте победници од осминафиналната фаза, на 14, односно на 15. декември, ќе играат во четвртфиналето, и ќе бидат во улога на домаќини на еден четвртфинален натпревар.

ПОЈАСНУВАЊЕ: Куп на РС Македонија во женска конкуренција за сезона 2024/25, осминафинална (1/8) фаза

КУП НА МАКЕДОНИЈА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ - ОСМИНАФИНАЛЕ

1. (ПОНИКВА) – КРИВА ПАЛАНКА

2. ЈАН БОР – БАСКЕТ КАМ

3. ГОСТИВАР – БАДЕЛ 1862

4. РИНИА – ВАРДАР

5. ОХРИД – ПАТРИОТ

6. ШКУПИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

7. СПОРТ ТИМ – ПРОБАСКЕТ

8. СТРУГА 2009 – (КУМАНОВО ГРИЗЛИ)

НАПОМЕНА: Екипите на Крива Паланка и Струга 2009 се пласираат директно во четвртфиналната (1/4) фаза, поради исклучување на екипите на Куманово Гризли и Пониква од натпреварувањето во Првата „А“, односно Првата „Б“ лига.