По одигрувањето на четирите четвртфинални серии, познати се полуфиналните двојки во ФИБА Евро Купот.
Пласман во првата „четворка“ остварија екипите на Реџо Емилија, Бакен Беарс, односно ЗЗ Лејден и Бахчешехир.
Бахчешехир и Бакен Беарс беа во оваа конкуренција и во сезоната 2019/2020, а според пропозициите, во полуфиналето, кое се игра на два натпревари, и стартува на 30.март, ќе играат Бахчешехир-ЗЗ Лејден, односно Бакен Беарс-Реџо Емилија.
Победниците од овие серии ќе играат во големото финале. Ќе се игра според истиот принцип, дома-гости, на 20. односно 27.април, а подобро пласираната екипа ќе игра на домашен терен на вториот натпревар.