21.05.2022

Финален изглед на табелата во Втората Лига - Мажи

ФОТО: Чаир 2030 е шампион во Втора лига - мажи за сезона 2021/2022!

Со денешните натпревари помеѓу екипите на Шкупи и Вардар односно Чаир 2030 и Струмица се комплетира и изгледот на табелата во Втората лига - мажи за тековната натпреварувачка сезона 2021/2022.

Во натпреварот за третото место на табелата, славеа кошаркарите на Вардар кои ги совладаа кошаркарите на Шкупи со 67-92. Во вториот меч на денешната второлигашка агенда, последна за оваа сезона, Кошаркарите на Чир 2030 славеа над Струмица со 91-79 и го подигнаа шампионскиот трофеј.