07.07.2017

ФОТО: Директорот на АМС во посета на сениорите во Маврово

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, ги посети сениорите кои оваа седмица тренираа во комплексот во Маврово. Тој ги поздрави кошаркарите и им посака успех во понатамошната работа.

„Не сакам да ви одземам многу време од тренингот, па затоа ќе бидам краток. Тука сум само да ви посакам среќа, успех и здравје во периодот кој ви следи. Знам дека имате напорен распоред, но верувам дека достојно ќе ги носите боите на Република Македонија на своите грбови. Тоа дефинитивно нема да биде лесна задача. Свесен сум колку напорно работите и дека на крајот ќе ја вратите кошарката на местото каде што заслужува да биде“ - Го отвори тренингот директорот на АМС.


Сениорите утре ги завршуваат подготовките во Маврово, а по ден пауза заминуваат за Братислава каде ќе одиграат пријателски двомеч против Словачка. Неколку дена подоцна ни гостува соодветната селекција на Бугарија, пред турнирот „Трофеј Македонија“ кој ќе се одржи в Скопје.