Она што утринава го најави Претседателот на КФСМ Перо Антиќ на прес-конфреренцијата одржана во хотелот „Парк“, се исполни веќе во попладневните часови - Коста Ќириловски стана нов член на Игокеа.
Актуелниот шампион на Босна и Херцеговина, а воедно и еден од најтрофејните босански кошаркарски клубови, кој се натпреварува во регионалната АБА лига покажа интерес за македонскиот репрезентативец кој ова изминато лето со јуниорската репрезентација го освои првото место на младинскиот Евробаскет, одржан во Скопје, за кошаркари до 18 години.
Ќириловски, кој последните шест години ги мина во дресот на Водно Санс, е втор репрезентативец на Македонија кој ќе заигра во дресот на Игокеа, по Теодор Симиќ кој стана дел од овој клуб во 2022 година.