Со одигрување на финалните натпревари, и во машка и во женска конкуренција, се комплетираше овогодишното издание на Купот „ Благоја Георгиевски - Буштур“.
Во женска конкуренција, по пауза од шест години, пехарот од Купот го кренаа кошаркарките на ЖКК Вардар. Црвено - црниот табор од Скопје славеше над ланскиот освојувач, екипата на ЖКК Баскет Кам 2011 до 69-55 и го освои трофејот од Купот, вкупно четврти нивен во клупската историја. Првите три ги освои во низ од 2017 до 2019 година. За најкорисен играч (MVP) на турнирот беше прогласена Елена Тасевска.


Неколку часа подоцна се одигра и финалниот натпревар во машка конкуренција, помеѓу екипите на КК МЗТ Скопје Аеродром, која го бранеше трофејот освоен минатата година, и КК Кожув. Ланскиот освојувач на Купот и актуелниот шампион во домашното првенство уште еднаш ја потврди својата доминација откако го совлада организаторот на завршницата од Купот со 61-86. За најкорисен играч на турнирот (MVP) беше прогласен Андреј Маслинко.

Повеќе фотографии од сите денови на Куп-турнирот се достапни на Фејсбук страницата на КФСМ.