Со победа над Ангели, екипата на КК Маџари стави крај на феноменалната сезона во втората лига по ранг во машка сениорска конкуренција, кревајќи го победничкиот пехар во оваа конкуренција. Двете екипи, кои идната натпреварувачка сезона, 2025/2026, ќе се натпреваруваат во елитното друштво, во натпреварот за престиж односно за победничкиот трофеј и називот “шампион“ се бореа до последниот свиреж на судиите, до конечни 79-67.
Најдобар стрелец кај Маџари беше Димитровски со 22 поени, пред Димчевски со 20 поени, додека кај Ангели, Стојанов реализира 14 поени. Пехарот на победникот му го врачи Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев.


