26.12.2019

ФОТО: Најдобрите за 2019 година!

Кошаркарската федерација 'заокружи' уште една успешна година со традиционалната манифестација на која им додели признанија на најдобрите во спортот со портокаловата топка за годината што изминува.

Синоќа, во хотелот „Double Tree by Hilton“ КФСМ ја одржа свеченоста и ги подели признанијата во шеснаесет различни категории, благодарници за помагателите без кои не би било возможно сето тоа, признание за четврт век постоење на клубот Водњански Лисици, како и постхумна благодарница на Игор Стојанов.