21.05.2017 Да се инвестира во квалитетна иднина е една од задачите кои си ги поставува Македонската кошаркарска федерација, па така на предлог на Стручниот совет денес беше одржан првиот селективен тренинг за кошаркари кои ќе бидат дел од возрасната категорија М13 односно носители на проектот за развој на млади надежи. Тренингот беше одржан во две групи (регион надвор од Скопје и регион - Скопје), а го водеше Драган Василов - Цевка потпомогнат од неколку македонски кошаркарски тренери. Оваа генерација ќе одржи уште неколку селективни тренинзи во текот на летниот период.