05.12.2024

05.12.2024

ФОТО: Официјална посета на Амбасадорот на БиХ и Министерот за безбедност во просториите на КФСМ

Денеска, 5. декември, 2024 година, во просториите на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија делегација од Амбасадата на Босна и Херцеговина и претставници од Владата беше во официјална посета.

Н.Е. Драган Јаќимовиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина, заедно со Министерот за безбедност, господинот Ненад Нешиќ, ги посетија канцелариите на КФСМ.

Мандатот на Н.Е. Драган Јаќимовиќ како амбасадор на Босна и Херцеговина во Македонија започна во 2019 година додека господинот Ненад Нешиќ, ја обавува функцијата Муинистер за безбедност на Босна и Херцеговина од 2022 година.