19.08.2024

ИГРАЈ ЗА ТВОЈОТ ГРАД!

ФОТО: Перо Антиќ и Марјан Србиноски ги изненадија најмладите од КК Гостивар

Перо Антиќ и Марјан Србиноски, ги израдуваа најмладите вљубеници во кошаркарскиот спорт од Гостивар. Претседателот на Кошаркарската федерација заедно со спортскиот директор го искористија отворениот ден за упис на нови членови во младинските категории на клубот од Гостивар за да ги мотивираат дополнително младите и талентирани деца да се вклучат во спортски активности. 

Настанот, воден од мотото „играј за твојот град“, беше исполнет со повеќе активности меѓу кои и 3х3 натпревари, натпревар во шут за 3 поени, како и забавен натпревар во мини баскет за најмладата возрасна категорија односно категоријата М12.

„Почитувани гостиварчани,отворениот ден и покрај дождот кој беше добродојден се реализира во најдобар ред во спортската сала Гимназија. Благодариме на нашите помагатели кои беа дел од хепенингот. Благодариме на Претседателот на КФМ Перо Антиќ и Спортскиот директор на КФМ Марче Србиноски кои ни приредија пријатно изненадување со нивното присуство на нашиот хепенинг.“ - напишаа од клубот на нивната официјална Facebook страница.