28.12.2022 28.12.2022 Раководството на Кошаркарската Федерација денеска го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје. Перо Антиќ заедно со Марјан Србиноски и Ѓорѓи Чековски поминаа неколку часа со лицата кои се корисници на услугите на Заводот, им поделија новогодишни пакетчиња и им посакаа успешна нова 2023 година.