24.05.2017

ФОТО: Шеста шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром

Со скор од 3-2  во финалната серија од плејофот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата од ланската сезона и во својот дом „Јане Сандански“ одново беа крунисани за шампиони на Република Македонија. Во последниот натпревар, „металците“ славеа со 86-82. Најефикасен на овој натпревар беше Шарлон Клоф кој го доби и признанието за MVP на финалната серија.