09.04.2017

ФОТО: Со дисциплина и добра работа сè може да се сработи

Националниот состав до 20 години последен од младинските селекции го одржа првиот собир во тековната календарска година. Селекторот Мирко Петрески имаше 20 кошаркари на располагање, од скопскиот регион како и од другите градови кои подеднакво ги одработија зададените задачи. На Петрески му помагаа Драган Миленковиќ и Дарко Радуловиќ кои се дел од стручниот штаб.

„За денес - толку. Сакам да ви се заблагодарам на сите кои одговоривте на повикот. Имаме уште работа, но не може сè да се направи на еден тренинг. Доволно време има, со добра работа и дисциплина ќе сработиме сè како што треба“ - кратко и јасно им порача селекторот на младите репрезентативци.

Националниот состав до 20 години ова лето ќе настапи на континенталното првенство во Орадеа, Романија што ќе се одржи во периодот од 14. до 23. јули.

Сите фотографии од денешниот собир/селективен тренинг можат да се погледнат на официјалната страница на Македонската кошаркарска федерација на Фејсбук односно на следниот линк.