Во услови на пандемија, време на несигурност и неизвесност, Кошаркарската Федерација продолжи со своите активности. Зимска 3х3 лига, прва за македонското поднебје, беше една од планираните активности кои КФСМ во соработка со здружението 3x3 Macedonia успешно ги реализира.
Почнувајќи од декември 2020 година, КФСМ и 3x3 Macedonia организираа пет турнири во рамки на премиерната зимска 3х3 лига (Winter Tour 2k20/21). Четири од нив беа од квалификациски карактер, а последниот - финален го додаде ’шлагот на тортата’. Сите турнири беа одиграни во СРЦ „Кале“ во Скопје, а вкупно 21 тим ’продефилира’ помеѓу линиите на паркетот. На оној финалниот, дванаесетте најдобри од претходните четири се пресметуваа меѓу себе. По неколку часа поминати на теренот во Кале, баскетџиите од Dust Caffe се закитија со титулата зимски 3х3 шампион и се запишаа во историјата на овој спорт кај нас кој станува сè попопуларен.
Пандемијата ги диктира условите за одржување на спортски настани, па така и 3х3 турнирите поминаа со празни трибини. Преку фотографиите објавени на Facebook страницата на КФСМ, ви пренесуваме само дел од атмосферата на финалниот турнир...