29.05.2023

Европско Првенство за кошаркарки до 18 години, Б Дивизија, Софија, Бугарија

ФОТО: Женската јуниорска репрезентација означи почеток на подготовките

Женската јуниорска репрезентација, предводена од селекторот Јелена Антиќ, денеска означи почеток на подготвителниот период. Нешто повеќе од 30 дена ќе тренираат избраничките на Антиќ во главниот град Скопје, ќе одиграат и неколку пријателски натпревари, а потоа ќе заминат за бугарската престолнина каде ќе земат учество на европското првенство, дивизија Б, за кошаркарки до 18 години односно родени 2005 година и помлади.