16.09.2022

„Галските петли“ ја декласираа Полска (95:54), а „црвената фурија“ го смири домаќинот, Германија (96:91)

Франција и Шпанија се во финалето на Евробаскетот

Репрезентациите на Франција и на Шпанија ќе играат во големото финале на 41. Евробаскет, во недела од 20.30 часот во „Мерцедес Бенз“ Арената во Берлин.

За тоа се изборија со победите во полуфиналните пресметки. Франција против Полска, а Шпанија против домаќинот на завршницата на Европскиот шампионат – Германија.

Неверојатно полуфинале одиграа популарните „галски петли“ против најголемото изненадување на турнирот, репрезентацијата на Полска. Едноставно делуваа премногу доминантно во однос на селекцијата, со сепак, малку поскромни квалитети во однос на нивната.

Во ниту еден момент не се поставуваше прашањето кој ќе биде првиот финалист во овој целосно нерамноправен дуел во кој Франција водеше од првата до последната минута.

На крајот, и повеќе од убедливи (95:54), во голема мерка креирани со фантастичната одбрана која ја прикажаа „триколорите“ во мечот кој обезбедува најмалку сребрен медал.

Ги предводеше одличниот Јабуселе, стрелец на 22 поени, по десет пак реализираа Окобо и Фурние.

Интересно, но вистинито, во полската репрезентација немаше играч со двоен број на поени, А.Џ. Слотер и Михалак дадоа по девет, а нивниот најдобар играч на првенството, Понитка застана на седум.

Сребрен медал во џеб, има реновираната Шпанија, која во многу повозбудлив полуфинален дуел излезе како победник против премногу фаворизираниот домаќин на евро-шампионатот.

Публиката ов Берлин виде натпревар со голем број на промени на водството, и неколку резултатски пресврти и серии.

Пресуди последниот период во кој „црвената фурија’ ги оддува Гермнците со одлична одбрана. Особено над Денис Шродер, кој откако дојде до бројката од 30.поени, буквално застана во минутите на одлука.

Освен тоа, во нападот го имаа неверојатниот Лоренцо Браун (стрелец на 29.поени), кој со помош на браќата Хернангомез (комбинирано, исто така 29.поени), и Алберто Диаз, кој освен одличната игра во дефанзивата испорача уште десет.

За мир во „Мерцедес Бенз“ Арената, и ново учество во финалето и шанса за нов златен медал.

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Франција – Полска          95:54

Германија – Шпанија      91:96

18.СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА)

17.15: за трето место: ГЕРМАНИЈА - ПОЛСКА

20.30: финале: ШПАНИЈА - ФРАНЦИЈА