Гашпер Окорн, селекторот на Унгарија пред средбата со Македонија вели дека има респект спрема нашата селекција, но и дека очекува победа на тимот кој го предводи во овој претквалификациски циклус за пласмна на Светскиот Куп 2027:
„Сами себеси се избненадивме на средбата со Романците. Одигравме доста лошо, без енергија, без “говор на телото“, практично ништо. Треба сами себе да се погледнеме во огледало, и да промениме нешто. Тоа ни е првата цел,
Втората цел, играме дома, сакаме да победиме, ова ни е многу важен натпревар. И за едните и за другите. Се подготвивме добро. Ја респектираме Македонија. Видовме на првиот натпревар дека бевте многу блиску до победа против Романците. Очекувам еден доста “тврд“ натпревар во кој на крајот ќе победиме“ – вели унгарскиот селектор.