Коронавирусот повторно почна „да пробива“ ширум Европа и светот. Секој ден имаме се поголем број на заразени, и целата ситуација има и кај најквалитетните европски натпреварувања, како на пример во Еврокупот.
Првиот човек на Виртус од Болоња, една од екипите со максимален ефект по петте одиграни кола, има интересно решение.
„Вирусот циркулира многу брзо. А имаме сериозни потешкотии со патувањата, и во Италија, а да не говорам низ Европа. Верувам дека Еврокупот треба да биде стопиран, и да се продолжи со натпреварите во јануари или февруари. Или пак во некој поинаков формат од постоечкиот. На пролет се би требало да биде полесно, особено со движењето низ Европа“- истакнува Баралди.
Има и објаснување на предлогот.
„Многу играчи се позитивни, тимовите не може да сметаат на нив, и со тоа се губи еднаквоста во натпреварувањето. Но, не е само тоа. Имаме и ситуација нам да ни биде советувано да не ја напуштаме Италија. Исто така бевме во Белгија, каде е на сила полициски час... Сето ова е доста опасно“- дополнува Баралди.
Засега нема најави за евентуално прекинување на натпреварите. Нешто поконкретно би требало да се знае во наредните денови. Особено ако вирусот продолжи да се шири во некои поголеми размери од актуелните.