10.11.2020

Без три важни кошаркарки, и со тренер од WNBA лигата на клупата за дуелите со Македонија и со Летонија.

Германките со нов селектор и малку изменет состав во овој „прозорец“

Со доста измени, најголемата на клупата, во Рига дојде женскиот национален тим на Германија.

За време на паузата која ја предизвика корона вирусот, германската федерација го назначи Волт Хопкинс, актуелен шеф на стручниот штаб на WNBA екипата Њујорк Либерти за нов селектор.

Од Хопкинс се очекува да го одведе германскиот тим на Евробаскетот кој е планирано да се одржи следната, 2021 година.

А од составот кој играше на првите два натпревари од квалификациите, на претстојниот турнир во Рига, и дуелите со селекциите на Летонија (на 12. ноември) и Македонија (на 14. ноември), ги нема Сату Сабали (Фенербахче-Турција), Ема Стак (Баскет Умеа-Шведска) и  Александра Вилке, како што објавија од германската федерација, поради здравствени проблеми

Составот на Германија за турнирот во Рига:

Свенја Брункорст, Ама Дегбеон (ТСВ 1880 Васербург), Џенифер Краудер (Гетинген), Леони Фибич (ТСВ 1880 Васербург), Луиса Гејселсодер (Ландерно Бретањ-Франција), Соња Гренахер (Арка Гдиња-Полска), Марие Гулич (Валенсија Баскет-Шпанија), Алина Хартман (Ислас Канариас-Шпанија), Лаура Хебекер (ТСВ 1880 Васербург), Мерет Клајне-Бек (Гиса Лајонс СВ Хале), Финја Шаке (ТК Хановер), Анеке Шлутер (Ејнџелс Нордлинген), Лина Сонтаг (Тус Лихтефелд), Џени Строзик (Гиролајф Пантерс-Оснабрик)