Македонската кошаркарска федерација ја искористи оваа ретка можност, гостувањето на актуелниот светски првак, Шпанија, да му оддаде посебна почест на Ѓорѓи Пиперков.
Долгогодишниот национален ФИБА-инструктор, делегат и делегат-контролор, дел од органите, член на повеќе комисии на Светската кошаркарска федерација, ги заврши своите работни обврски во кошарката.
Онака, како што му доликува на еден кошаркарски работник, доби посебни признанија од федерацијата, кои на полувремето му ги врачи претседателот Перо Антиќ.