11.03.2020

Ѓуроски и Евре ставија крај на серијата на порази во ПРО Б лигата

Екипата на Eвре, за која настапува македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски, славеше на  гостувањето кај Руен (81:76)...

 

Малку добри вести за екипата на Евре во ПРО Б лигата на Франција. Прекината е серијата на неуспешни игри и на порази. И тоа би се рекло на еден од најтешките терени за играње во оваа конкуренција, оној во Руен.

Стојан Ѓуроски и неговите соиграчи направија мало изненадување, и стигнаа до многу вредна победа, деветта за Евре во ПРО Б лигата.

Нашиот репрезентативец беше дел од стартната петорка на Евре. За 34.минути во игра, реализираше девет поени (2/5 за три и 3/4 за еден поен), заедно со шест скока и четири асистенции.

По ова 23.коло, со ефект (9-14), Евре е на 15. позиција на табелата.