Македонскиот репрезентативец се најде во почетните пет во првиот меч за новиот тим
Откако со соиграчите „негативно“ го помина ПЦР тестирањето од Ковид-19, Стојан Ѓуроски го одигра и својот прв натпревар во дресот на новиот клуб.
Навистина, станува збор за еден контролен натпревар, првиот кој ХЛА Аликанте го одигра за време на подготовките за новата сезона во ЛЕБ Голд натпреварувањето во Шпанија.
Македонскиот репрезентативец имаше доста добри минути во триумфот над Ковиран Гранада (90:80), реализиран уште во првото полувреме во кое домашната екипа имаше огромни (61:35). Високото крило реализираше 15.поени, и беше еден од неколку домашни играчи кои завршија со двоен број на поени во победничката екипа.