Екипата на ХЛА Аликанте, за која оваа сезона настапува и Стојан Ѓуроски, се врати на победничката патека. По неочекуваниот прв пораз во сезоната, и тоа на домашен терен од Гранада, „сино-белите“ се рехабилитираа со победа на гостувањето кај Мурсија (71:65).
Ѓуроски имаше одлично прво полувреме. Во 20 минути исполнети со не баш голем број на реализации на двете страни, гостите водеа со (31:28), а нашиот репрезентативец постигна седум поени.
На крајот на мечот во Мурсија, високото крило заврши со ефект од 11. поени (1/5 за три, 3/5 за два, и 2/2 за еден поен). Додаде и четири скока, и по две асистенции, освоени и една загубена топка, за нецели 26.минути во игра.
Ова беше осмиот натпревар за ХЛА Аликанте во „Б“ групата на „ЛЕБ Оро“ лигата на Шпанија. „Сино-белите“ сега се на ефект од седум победи и еден пораз, и се вратија на првото место во оваа конкуренција.