18.12.2020

Првопласираниот тим во групата „Б“ на ЛЕБ Oро лигата едвај го совлада последнопласираниот

Ѓуроски скромен, ХЛА Аликанте со пресврт до победа и лидерско место

Стојан Ѓуроски одигра меч за заборав, но неговиот тим ХЛА Аликанте вечерва стигна до уште една победа во ЛЕБ Оро лигата на Шпанија.

Во 9. коло од групата „Б“ на шпанската Втора лига, ХЛА Аликанте некако успеа да стигне до триумфот против најслабопласираната екипа во оваа конкуренција, ЗТЕ Реал Каное. Победи со резултат (82:77).

Нашиот репрезентативец одигра 20:20 минути на оваа средба во која имаше и проблеми со личните грешки. Не поентираше од игра. Имаше 2/4 од линијата за слободни фрлања и 0/4 за три поени. Дополни со три скока, една асистенција и една освоена топка.

Ова беше и осмата победа за тимот од Аликанте во девет одиграни натпревари доволно да ја задржи првата позиција на табелата