01.10.2020

Нашиот репрезентативец реализираше 18. поени во победата од (91:80) на гостински терен

Ѓуроски втор стрелец во ХЛА Аликанте во победата над Тау Кастело

Стојан Ѓуроски и неговиот нов клуб во кариерата, ХЛА Аликанте, продолжуваат со успешните игри  во перидот на подготовки.

„Сино-белите“ од Аликанте стигнаа до уште една победа, повторно на гостински терен. Во Кастелон совладана е домашната екипа Тау Кастело со сигурни (91:80).

Она што може да радува е новото добро издание на нашиот репрезентативец. Како стартер, Ѓуроски реализираше 18. поени, беше втор стрелец во победничката екипа против една од оние кои ќе им бидат сериозен конкурент во борбата за висок пласман во ЛЕБ Голд лигата на Шпанија.

Инаку, новата сезона во ова натпреварување, стартува на 16.октомври. а својот прв меч, екипата на ХЛА Алианте го има на 18. октомври, гостува на екипата на Џирона.