Претседателот на Бугарската федерација бара евентуална организација на заедничко натпреварување со поддршка од двете федерации
Претседателот на Бугарската кошаркарска федерација, Георги Глучков, испрати поздравно писмо до нашата федерација.
Притоа, г-динот Глучков му честиташе на претседателот на КФСМ, Перо Антиќ за неодамнешната одлука за крај на натпреварите во Првата лига, без објавување на шампион за сезоната 2019/2020.
Освен тоа, првиот човек на бугарската кошарка, побара и што е можно побрзо обновување на комуникацијата и продолжување на заедничката соработка на идни проекти помеѓу двете федерации.