Ако се земе в предвид дека на првиот показен тренинг во ООУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, се појавија повеќе од 80 девојчиња на возраст од 9. до 11. години, извесно е дека тоа значи дека во текот на ова ново продолжение на проектот поддржан од страна на Светската кошаркарска федерација, а максимално реализиран од македонската, можеме да очекуваме и зголемена масовност, што извесно може само да радува.
Согласно со планираните активности за оваа нова сезона 2024/2025, освен овој настан, каде во улога на кошаркарски амбасадор се појави репрезентативката на Македонија, Ивана Кметовска, во наредниот период се предвидени и организација на голем број на други вакви случувања, во кои освен главниот град ќе бидат опфатени и повеќе кошаркарски „центри“ во нашата држава.

Движењето „Her World, Her Rules“, ќе посети и скоро дваесетина градови, како на пример Ресен, Струга, Гевгелија, Радовиш, Охрид, Кичево, Демир Капија, Валандово...
Главната цел на овој проект е да се промовира женската кошарка низ различни градови низ Македонија, посебно во оние делови каде што девојчињата не се инволвирани во било каков спорт, односно во кошарката.
Поентата е да се зголеми учеството во кошарката, тоа значи дека охрабрува девојки од осум до единаесет години да започнат да играат кошарка, како што, извесно, правиме веќе неколку години наназад.

Оваа идеја, план, доби поддршка и со се поголема „видливост“, со отворање на посебни социјални мрежи, каде што ќе може побрзо да стигне до младите девојки.
Исто така, овој проект има поголемо знаење на девојките во спортот и на настани кои се заокружени, како на пример 8. март, интернационалниот светски ден на жените.

Проектот на ФИБА насловен како „Her World, Her Rules“, во кој учествува и КФСМ, има за цел да го поттикне психо-физичкиот развој кај најмладите девојчиња.
Преку оваа кампања се овозможува и перманентен и индивидуален, професионален развој, изградување на етичките вредности, комуникацијата, соработката, тимската работа, и почитување на другите.
