Од 28. до 31. јули, во Каламата ќе се одржи силен меѓународен турнир за кошaркари „Под 15“ години. Собир на кој нашата земја ќе ја претставуваат момчиња родени 2007 и 2008 година, односно една година под возрасната граница на турнирот.
Селекторот на нашата селекција „Под 14“ години, Горан Андреевски очекува добри игри на турнирот во Грција, без оглед што во Каламата одиме со една година помлади кошаркари.
„Средбите со силни противници како Хрватска, Грција, Полска, ќе ни бидат од голема корист, без оглед на тоа што за ривали ќе имаме селекции кои се малку повозрасни од нашата селекција“ – вели Андреевски. „Добро работевме во изминатиот период, очекувам тоа да го пренесеме и низ натпреварите кои во наредните неколку дена нè очекуваат на турнирот во Каламата“.
За овој турнир Андреевски одбра 14. кошаркари на кои ќе смета и во наредниот период во кој оваа селекција ќе има уште едно гостување – во Турција. А освен селекторот, во експедицијата за Грција се уште и неговите асистенти, Едо Имер и Ерхан Рамадан.
СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ТУРНИРОТ ВО КАЛАМАТА
Матеј Митревски, Лука Антиќ, Лука Марјановиќ, Григориј Ѓорѓевиќ, Сергеј Петровиќ, Жарко Терзиевски, Дамјан Павловски, Стефан Сапроновски, Илин Најков, Љубен Ефтимовски, Марион Лазов, Никола Јаничиќ, Глигор Цаневски и Ѓорѓи Кузмановски
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
28.ЈУЛИ
16.30: Хрватска – Полска
19.00: Грција - Македонија
29. ЈУЛИ
16.30: Хрватска - Македонија
19.00: Грција - Полска
30.ЈУЛИ
16.30: Македонија - Полска
19.00: Грција - Хрватска
31.ЈУЛИ
16.30: Натпревар за трето место
19.00: Натпревар за прво место
21.00: Затворање на турнирот