Машката јуниорска репрезентација на Македонија е единствената од нашите национални тимови кои ова лето се дел од елитната конкуренција, онаа од Европското првенство од Дивизијата „А“ во Белград, кое ќе се одвива во периодот од 26.јули до 3.август.
Нималку лесна задача ќе имаат нашите јуниори на овој шампионат, во кој се дел од групата „Ц“, заедно со репрезентации-великани, како Литванија, Грција, како и домаќинот на овој собир, селекцијата на Србија.
Извесно е дека примарна цел на нашата селекција „Под 18“ години ќе биде да се дојде до опстанокот во ова ТОП 16 друштво.
Нема да биде воопшто лесно, особено ако се земе во предвид силината на противниците. Не само во воведната, групна фаза од ЕП во Србија.
Селекторот Горан Андреевски прво говори за она што беше досега сработено...
„Подготовките беа успешно завршени. Се трудевме, најреално, да ги избереме дванаесеттемина. Условите за тренинг ни беа одлични. Голема сала во Спортскиот центар ‘Борис Трајковски’, како и фитнес-центарот. Одигравме пет пријателски натпревари, а единствен проблем беше тоа што четири од нив, беа со екипи од „Б“ дивизијата, и на тој начин немаме јасна претстава на кое ниво ни е екипата во споредба со оние од ‘А’ дивизијата.
Играчите кондициски се максимално спремни, трчаат феноменално во одбрана и транзиција во напад. Физичката подготвеност е на многу ниско ниво што би ни преставувало сериозен проблем.
Ослабени сме за Лука Марјановиќ, нашиот прв плејмејкер на екипата, како и пропуштањето на можноста Бутемер да добие македонски пасош каде за седум дена, како временски простор, ја загубивме таа можност. Со него екипата би имала друг лик, и би била многу посериозен противник“.
И покрај извесните хендикепи со кои се соочија за време на подготовките, Андреевски не сака да подигне „бело знаме“ во знак на предавање, напротив...
„И покрај тоа што сме свесни за нашите слабости, ние не одиме на Европското првенство со кренато бело знаме, ниту да се прошетаме во Белград. Одиме максимално мотивирани во секој натпревар, со цел да пружаме квалитетни партии и да бидеме рамноправен противник со сите.
Тука не сме да се предаваме предвреме како во минатото. Напротив, размислуваме за победа на секој натпревар. Ќе се бориме за сигурен опстанок и што подобар пласман. И покрај тоа што имаме најмлада репрезентација на првенството, во која дури осум играчи се 2008 годиште, ќе се обидеме со добра игра, да ги натераме противниците да нè респектираат како што ние ги респектираме“ – порачува селекторот пред почетокот на шампионатот во кој за противник во првото коло, денеска, од 16.часот, ја имаме селекцијата на Литванија.
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Без некои промени, би се рекло стандарден, кога станува збор за овие натпреварувања од Визијата „А“.
Селекциите се поделени во четири групи по четири репрезентации. Во зависност од пласманот, по три одиграни кола во секоја од четирите групи, ќе бидат формирани и двојките од осминафиналето,
Во вториот дел кој почнува на 30.јули, ќе се играат елиминациски натпревари според системот (А1-Б4, A2-Б3, А3-Б2, А4-Б1, Ц1-Д4, Ц2-Д3, Ц3-Д2, Ц4- Д3). осумте победници ќе се пласираат во четвртфиналето, четирите наредни обезбедуваат пласман во полуфиналето.
Поразените репрезентации во осминафиналето, ќе разигруваат за пласман од 9. до 16. место.
Трите последно пласирани селекции на шампионатот, ќе се „преселат“ во „Б“ дивизијата, трите првопласирани ќе се борат за медалите.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Нашата машка младинска репрезентација ќе го почне натпреварувањето на овој евро-шампионат на 26. јули (сабота), од 16.00 часот, кога во белградската Арена, следува натпреварот против селекцијата на Литванија.
Наредниот ден, на 27.јули, од 13.30 часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Грција, a на 28.јули (од 18.30 часот), за противник ја имаме репрезентацијата-домаќин, Србија.
Во зависност од пласманот во групата „Ц“, во осминафиналето ќе го чекаме противникот кој доаѓа од групата „Д“ во која се репрезентациите на Летонија, Словенија, Белгија и Шпанија.
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ
ГРУПА А: Бугарија, Германија, Италија, Израел;
ГРУПА Б: Австрија, Франција, Шведска, Турција;
ГРУПА Ц: МАКЕДОНИЈА, Србија, Грција, Литванија;
ГРУПА Д: Летонија, Словенија, Белгија и Шпанија;
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
ГРУПА Ц
26. ЈУЛИ (САБОТА)
16.00: Литванија - МАКЕДОНИЈА
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ogKoyoDKHMc?si=g7HI06TX27nP1Ua2
18.30: Грција – Србија
27.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)
13.30: МАКЕДОНИЈА - Грција
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/bPETtLJPpTU?si=ZGO5qaGQKhYT9i46
18.30: Србија - Литванија
28.ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18.30: Србија - МАКЕДОНИЈА
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Gqv_net4X0w?si=LPT_VSD5ZIgtxlge
21.00: Литванија - Грција
*Натпреварите се играат во Арената во Белград (голема и мала сала)
МАКЕДОНИЈА „ПОД 18“ НА ЕП ДИВИЗИЈА „А“ ВО СРБИЈА
#1 Никола Јаничиќ 198см. ниско крило Водно Санс
#4 Михајло Малиниќ 206см. центар Сити Бадајоз Акад. (Шпанија)
#6 Ристе Букршлиев 184см. бек Кожув
#7 Жарко Терзиевски 190см. бек Вардар
#8 Дамјан Данев 203см. силно крило Вардар
#9 Илин Најков 203см. крило Вардар
#11 Филип Сребров 190см. бек-шутер Водно Санс
#12 Григориј Ѓорѓевиќ 193см. бек Вардар
# 17 Марко Бајалџиев 188см. бек Водно Санс
#21 Дамјан Стојаноски 201см. крило Феникс 2010
#23 Дарјан Димовски 198см. крило Водно Санс
#55 Стефан Сапроновски 187см. бек Борец баскет
СТРУЧЕН ШТАБ
СЕЛЕКТОР: Горан Андреевски
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Един Имер
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Митко Маринковски
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Оливер Тасков
КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Давид Наумовски
ФИЗИОТЕРАПЕВТ: Петар Спасиќ
ДОКТОР: Димитар Милошески