03.03.2024

Изјави по финалниот натпревар од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024-жени: Баскет Кам 2011 - МЗТ Скопје Аеродром

Горан Крстевски: „Врз основа на овие грешки, треба да ги градиме работните денови во наредните месеци“

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром загуби во финалето од државниот Куп „Благоја Георгиевски - Буштур“ и не успеа да го одбрани трофејот освоен минатата натпреварувачка сезона. Подобар од клубот од скопски Аеродром беше тимот на Баскет Кам 2011 со 67-39,

Пред се сакам да и честитам на екипата на Баскет Кам. Потполно заслужено. Како што реков и пред почеток на турнирот, апсолутен фаворит и во моментов докажаа дека се најдобра екипа без конкуренција во Македонија. Честитки за моите девојки. Можеби вчера многу се потрошивме. Немаме многу играчи, тоа се пет-шест девојки. Сметак дека имаме капацитет да пружиме нешто п0веќе, но ете има и лоши денови. Врз основа на овие грешки треба да ги градиме работните денови во март, април, мај и во јуни и да се обидеме во првенството да бидеме што повисоко пласирани. Врз основа на оваа игра треба да ја градиме играта во наредните година, две или повеќе, а и да купиме нешто како концепт од Баскет Кам, некој концепт од Вардар и да се базираме на што повеќе домашни играчи. - заклучи Крстевски, тренерот на ЖКК МЗТ.