28.09.2024

Баскет Кам 2011 - МЗТ Скопје Аеродром 74-54

Горан Крстевски:„Знам дека во овие девојки има квалитет и дека во иднина можат да играат само подобро“

Екипата на Баскет Кам 2011 го одбрани трофејот од Суперкупот „Драган Василов - Цевка“ освоен минатата календарска година откако во овогодишното издание го совлада составот на МЗТ Скопје Аеродром со (74:54).

Шефот на стручниот штаб на клубот од скопски Аеродром, Горан Крстевски, е задоволен од играта на своите избранички, но не е изненаден од доминацијата на екипата од противничкиот табор. Тој верува во своите девојки за кои вели дека претстои успешна иднина во кошарката.

 

Пред сè честитки за Баскет Кам за освоениот Супер Куп, заслужено дојдоа до пехарот. За нас ова беше прв натпревар се плашев да видам како ќе изгледаме после само 11 тренинзи. Презадоволен сум. Знам дека Баскет Кам не играше со сто посто и не смее да не залажува нивната игра, но за мене - влеговме без респект, без страв и знам дека во овие девојки има квалитет и дека во иднина можат да играат само подобро, а не послабо. Ова беше натпревар кој влева верба во девојките во македонската кошарка. Порака до сите колеги од македонската кошарка да веруваат во домашните играчи и да им дадеме шанса. - истакна Крстевски.