24.08.2020

„Во последниве осум години, улогата на дедо уште повеќе го просветли, уживаше во секој момент, не даваше ни секунда да е без внуците“.

Горан Василов се прости од својот татко: „Што и да кажам за овој голем човек, татко, сопруг, дедо, е премалку...“

Од својот татко се прости и Горан Василов, и самиот некогаш дел од кошарката. Спорт кој се водеше како број 1 во семејството Василови.

„Сакам да упатам огромна благодарност за укажаната почит и чест на вашето присуство до сите. Пред се, до Перо Антиќ, и целиот негов тим од КФСМ за несебичната поддршка и ОГРОМНАТА ПОМОШ од секаков аспект, за мене и мојата фамилија во овие за нас, тешки мигови.

Што и да кажам за овој голем човек, татко, сопруг, дедо...е премалку.

Насекаде остави трага, препознатлива за него. Трага, полна со позитивна енергија и многу смеење. Специфично за него, каде и да се појавеше, со кого и да зборуваше, беше истиот. Ситуацијата секогаш беше ваква: Цевка збореше, а соговорникот неможеше да земе воздух од смеење...

Типично за нашиот Цевка, нели?

Во улогата на татко, сопруг, дедо беше ненадминлив. Редок пример кој е тежок за следење. Посебно уживаше во последниве осум години, улогата на дедо уште повеќе го просветли, уживаше во секој момент, не даваше ни секунда да е без внуците.

Дедо каков секој верувам би посакал. Затоа е сега и овој непребол, но прикаските за него кои беа исполнети со добрина, солидарност, многу смеење ќе ни останат како примери какви треба сите да сме.

Го нема веке мојот...нашиот Цевка, но барем ни остави премногу убави моменти, досетки и дела кои се за почит и непресушен извор за зборење во годините што ни следуваат.

Би напоменал нешто својствено за нашиот Цевка, мотото кое вечно го пратеше, а тоа гласи:

...Слабите личности ќе се трудат да ги спуштат другите до сооствената величина. А големите луѓе ќе им помогнат на другите да постанат големи личности...

А тука гледам многу големи луѓе кои поминале, и кои и биле присутни во неговиот живот!

Слава ти голем човеку, татко, сопруг, дедо, пријател, професор...

Почивај во мир наш најмил Цевкос!