По втор пат за релативно кусо време, српскиот стручњак ќе гостува во нашиот главен град, како еден од предавачите на вториот задолжителен семинар за тренери во организација на Здружението на кошаркарски тренери.
Доста познато име повторно во Скопје. На дополнителна едукација на нашиот актуелен тренерски кадар.
Докторот по кошарка, Проф. Др. Ненад Труниќ овој викенд уште еднаш ќе пренесе дел од своите знаења, и искуства на посетителите на тренерската клиника која ја организира Здружението на кошаркарски тренери.
Во оној уводен дел на семинарот кој овој викенд ќе се одржи во А1 Арената Спортски центар „Борис Трајковски“ (мала сала), професорот Труниќ ќе ги реализира предавањата „Тренинг на одбранбени способности на кошаркарите низ игра“, односно „Обука и усовршување на напаѓачки вештини“.
На вториот ден од собирот во Скопје, српскиот стручњак ќе обрне внимание на уште две теми „Основи за формирање на контра напад низ специфични вежби“, како и „Движење без топка на продор со дриблинг на страна на топка и на страна на помош“.
FIBA EUROPE COACHING DEPARTMENT (ФИБА ЕВРОПА - ТРЕНЕРСКИ ДЕПАРТМЕНТ):
Од 2013 година доцент Ненад Труниќ е ангажиран како инструктор за едукација на тренерите во рамките на FIBA EUROPE COACHING CERTIFICATE програмата со цел обука и образование на најквалитетните тренери во Европа.
Ментор на оваа програма е Светислав Пешиќ, а некои од предавачите се и Пабло Ласо, Хави Пасквал, Ренесес Аито Гарсија, Крис Флеминг.
ОД 2011 година, Ненад Труниќ работи како FIBA EUROPE тренерски инструктор, како главен предавач на голем број на тренерски клиники и семинари ширум светот: Италија, Германија, Франција, Словачка, Јордан. Катар, Обединети Арапски Емирати, Иран, Полска, Шведска, Исланд, Ирска, Норвешка, Естонија, Канада, Турција, Португалија, Литванија, Хрватска, Црна Гора, Холандија, Романија, Израел, Египет...
КАРИЕРА НА КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР
Ненад Труниќ е сопственик на FIBA Coaching license. Од октомври 2014 година до октомври 2015 година бил на позицијата на координатор на машките репрезентативни селекции во КСС, со освоен златен медал на ЕП за селекции „Под 20“ години (2015) бронза на Европското првенство за играчи „Под 18“ години (2014) и сребро на ЕП во 2014 година
Во 2015 година, како селектор на репрезентацијата „Под 16“ години на Србија го освоил осмото место на шампионатот во Литванија.
Во 2010 година, како селектор на У-17 на Србија го освоил петтото место на Светското првенство во Германија.
Во 2009 година, како селектор на У-16 година го освоил третото место на ЕП во Литванија.
Од јуни 2008 до септември 2010 година бил член на Стручниот Совет на Кошаркарскиот сојуз на Србија.
Голем број на млади кошаркари, селектирани и тренирани од Ненад Труниќ се истакнати играчи во Евролигата, АБА Јадранската лига, НЦАА и останатите меѓународни натпреварувања.
Труниќ е автор на програмата и стручен раководител на кошаркарскиот камп „Кросовер“ во Крагуевац.
Во сезоната 2005/2006 бил скаут за НБА екипата Сакраменто Кингс, со одговорност за регрутирање на талентирани играчи од територијата на Источна Европа.
Од 2009 година Ненад Труниќ работи како индивидуален тренер за техничко-тактичка и кондициска подготовка на голем број на истакнати кошаркари.
БИО
Проф. Др. Ненад Труниќ е роден на 6.февруари, 1968 година во Крагуевац.
Од 2014 година Проф. Др. Ненад Труниќ работи на Факултетот за физичка култура и менаџмент во спортот, на Универзитетот Сингидунум, како координатор Мастер на студиската програма Физичко воспитување и спорт и предавач по повеќе предмети.
Во 2007 година ја напишал книгата „Тренинг на младите кошаркари во различни возрасни категории“.
Во 2006 година докторирал на Универзитетот Браќа Кариќ и се стекнал со звањето Доктор на науки на тренажната технологија во спортот. Ја одбранил докторската дисертација на тема „Прогностика и стратегија на создавање на врвни кошаркари“.
Во 2004 година на Факултетот на физичко воспитување и спорт во Белград станал Магистар на науки во областа на физичката култура и спортот, со просечна оценка 10.
Во 1992 година дипломирал на Факултетот за физичко воспитување и спорт на Универзитетот во Белград како студент на генерацијата, со просечна оценка 9.22.
КОШАРКАРСКА ИГРАЧКА КАРИЕРА
Во богатата спортска (кошаркарска) кариера, Ненад Труниќ ги реализирал следните резултати:
1982-1985 година - Еден златен медал, два сребрени и две бронзени медали на републичките првенства на Југославија во кошарка, со пет титули за најдобар играч или стрелец.
1985 година – Европски првак со кадетската селекција на Југославија на ЕП во Русе (Бугарија)
1985 година – Сребрен медал на Светското јуниорско првенство во Манхајм (Германија).
1986-1990 година – Најдобар играч на КК Слобода Дита од Тузла во Првата сојузна лига на Југославија.
1990-1995 година – Со голем успех настапувал за екипите на Црвена Звезда-Белград, Олимпија-Љубљана, Раднички-Белград и ОКК Белград.
1995–2004 година – Успешна меѓународна кариера во Италија (Ливорно и Удине), Турција, Швајцарија, Полска, Унгарија, Шпанија, Кипар и Австрија.