07.02.2020

Гостивар и МЗТ Скопје Уни Банка го отвораат 15. прволигашко коло

Гостиварските „сино-бели“ важат за големи фаворити, но тоа треба да го потврдат вечерва, на паркетот во салата „Младост“...

 

Ден порано од предвидениот календар, кошаркарите на Гостивар и на МЗТ Скопје ќе заминат на скоро тринеделна пауза. Односно вечерва од 19.часот, ќе го одиграат првиот натпревар од 15. коло од Првата лига.

Јасно е дека екипата која е на делба на позицијата број 2, важи за голем фаворит против онаа која се води како последнопласирана.

Но гостиварските „сино-бели“ не сакаат ништо да остават на случајноста.

Мотив плус пак за публиката во салата „Младост“ треба да биде и деби настапот на новото странско засилување, Ентони Ли.

Американскиот центар е веќе неколку дена на тренинзите на Гостивар. Не играше на гостувањето во Гевгелија минатиот викенд, и се очекува вечерва да ги добие првите минути од шефот на стручниот штаб, Марјан Србиноски.

Другите натпревари од ова коло се поделени на два дела.

Во сабота, од 18. часот ќе разигруваат екипите на Куманово и Кожув, односно Пелистер и Вардар.
Ден подоцна, во 17.часот, играат Академија ФМП и МЗТ Скопје Аеродром, додека пак еден час потоа, во „Градски парк“ играат Работнички и Еуро Никел 2005.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 15.КОЛО

ДЕНЕСКА:

19.00: Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Младост“ - Гостивар

САБОТА:

18.00: Пелистер – Вардар

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

18.00: Куманово 2009 – Кожув

Сала „Перо Наков“ - Куманово

НЕДЕЛА:

17.00: Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

18.00: Работнички – Еуро Никел 2005

Сала „Градски парк“- Скопје