17.09.2020

Капитенот на нaшиот национален тим во улога на „манекен“

Гравелин ги претстави дресовите за новата сезона, во главна улога – Војдан Стојановски! (ФОТО)

На една недела пред официјалниот почеток на новата сезона во француската ЛНБ лига, екипата на Гравелин Данкерк ги претстави своите нови дресови, oдносно три гарнитури на „униформа“.

Но она што е посебно интересно е што во преден план го ставија, никој друг, туку Војдан Стојановски.

Презимето Стојановски и бројот „19“ се најдоа на трите комбинации на опрема, за домашен, за гостински терен, и трета, резервна, што дефинитивно претставува посебна почест за Македонецот.

„Маркетиног на нашиот клуб направи навистина добра работа. Креираа исклучително квалитетни дресови, кои верувам дека многу ќе им се допаднат на нашите фанови. Се надевам дека и покрај оваа ситуација, ќе имаат прилика да бидат со нас, односно на трибините, од почетокот на новата сезона“ – порача Стојановски.

Инаку, новата сезона во ПРО А лигата на Франција, кошаркарите на Гравелин Данкерк ќе ја започнат на 26. септември. И тоа на гостински терен, од 20.30 часот, против екипата на Булоњ Левалоа.