22.09.2020 Војдан Стојановски помогна со 14.поени и 4. скока во победата над Гри Оберхофен од (85:77) Кошаркарите на Гравелин Данкерк стигнаа до првата официјална победа во новата натпреварувачка сезона, и тоа во Купот на Франција. Во првото елиминациско коло Војдан Стојановски и соиграчите беа подобри од членот на ПРО Б лигата, екипата на Гри Оберхофен (85:77). Гостите од Данкерк имаа контрола на играта и над резултатот во целиот тек на играта, а нашиот репрезентативен капитен беше еден од најдобрите на теренот. За 26:46 минути во игра, Стојановски постигна 14.поени (1/3 за три, 4/6 за два и 3/3 за еден поен). Освен тоа имаше и четири скока и едно додавање, една освоена и една загубена топка.