Гравелин ќе му даде подршка на нивниот кошаркар кој ќе ги преставува клубот во евро-квалификациите
Гравелин како клуб и Данкерк како град, ќе му дадат максимална подршка на еден од нивните клучни играчи кои во наредниот период ќе ги претставуваат во Европа.
Менаџментот на „морнарите“ за овој момент изработи еден специјален постер со ликот на Војдан Стојановски, на кој доминира македонското знаме. И со напомена дека пред капитенот на нашата репрезентација во овој ноемвркски „прозорец“ се двата меча против селекциите на Италија и на Естонија, како дел од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2022.