13.11.2020

Капитенот на нашата репрезентација одигра нешто повеќе од 11.минути, шутна и погоди само еднаш за три поени...

Гравелин со нова „контрола“, Војдан како стартер

Војдан Стојановски неговиот Гравелин Данкерк, го искористија „празниот простор„ во ЛНБ лигата на Франција да одиграат уште една пријателска средба. И повторно со својот сосед, екипата на Ле Портел, но сега на гостински терен. А Стојановски и соиграчите ја загубија оваа втора проверка со минимални (89:92).

Капитенот на нашата сениорска селкеција беше во првата петорка кај „морнарите“. Не играше многу, нешто повеќе од 11.минути во кои  даде три поени. Го погоди единствениот обид за три, а освен тоа за така кратко време на теренот додаде и по два скока односно две асистенции.